Петиција – да не му се дозволи на Kanye West да сними преработки на музиката на David Bowie

Илјадници луѓе ја потпишаа интернет-петицијата со која се бара да му се забрани на Kanye West да сними албум во чест на неодамна починатиот David Bowie, јавуваат медиумите.

Петицијата, со наслов „Запрете го Kanye West  да сними кавери на музиката од David Bowie“ за помалку од 24 часа ја потпишале околу 8.500 луѓе, иако нема официјална информација дека Kanye West воопшто има сериозна намера да сними ваков албум.

Приказната потекна од текст објавен во весникот Daily Star, во кој се тврди дека Kanye подготвувал верзии на песните „Rebel Rebel“ и „Heroes“ и се цитира неименуван извор, кој вели дека на некои песни Kanye рапувал врз музиката на Bowie.

 Американскиот музичар неодамна преку Твитер ја изрази својата почит за делото на Bowie:

Според основачите на петицијата, на Kanye не би требало да му се дозволи да го сними овој албум.
„David Bowie беше еден од најважните музичари на 20-от и на 21-от век, би било сквернавење да се дозволи тоа да го уништи Kanye West“, пишува на страницата на петицијата.