Пет студентски парламенти потпишаа декларација за зголемување на ефикасноста

Пет студентски парламенти потпишаа декларација за зголемување на ефикасноста

Вчера во Штип, претседателите на пет студентски парламенти од универзитетите во Македонија потпишаа „Декларација за зголемување на ефикасноста и ефективноста на студентската пракса“. Декларацијата е дел од соработката на студентските парламенти од универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Св. Апостол Павле“ – Охрид, како и Бизнис-академијата „Смилевски“

„Студентските парламенти се заложија дека и понатаму ќе им стојат на располагање на студентите и ќе работат за подобри студии и по квалитетен кадар кој во иднина ќе излегува од овие Универзитети“, стои во Декларацијата.

Извор