Пет книги во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшки вечери на поезијата за 2025

Жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) за 2025 година едногласно ја усвои следнава листа на потесен избор од пет поетски книги (наведени по азбучен ред, според презимето на авторот):

– „Рубедо“ од Андреј Ал-Асади (Скопје: ПНВ Публикации, 2025)

– „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска (Скопје: ПНВ Публикации, 2024)

– „Маслина и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (Скопје: Макавеј, 2025)

– „На ти со Ерос и Танатос“ од Виолета Танчева-Златева (Скопје: Три, 2025)

– „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ од Бранко Цветкоски (Скопје: Макавеј, 2025)

На конкурсот пристигнале вкупно 37 книги од исто толку автори, кои влегле во конкуренција.

Согласно планираните програмски активности, читањето на застапените автори во потесниот избор ќе биде на 22 август, додека добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик, што ја доделува СВП ќе биде прогласен на 23 август. На конкурсот пристигнале вкупно 35 наслови. Покрај паричниот износ, како дел од наградата од 2012 година во издание на СВП, наредната година наградената книга ја објавува во превод на еден странски јазик и ја претставува преку промоција и портрет на добитникот.