Прашина и песок од пустината Сахара во Африка што изминатите денови ги затрупа деловите на јужна и централна Европа предизвика нагло зголемување на загадувањето на воздухот низ целиот регион, јавува „Еуроњуз“.
Од сателитскиот систем на Европската комисија, Коперник, рекоа дека во неделата се зголемило нивото на ПМ 10 честичките во градовите како Барселона, Лион и Марсеј.
https://twitter.com/CopernicusECMWF/status/1358841718544678912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1358841718544678912%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.euronews.com%2F2021%2F02%2F09%2Fsahara-sand-causes-air-pollution-spike-in-europe-turning-skies-and-snow-orange
Облакот со ситен песок кој се разнесе северно од Алжир го затемни небото во црвена боја и се измеша со свежите врнежи од снег на Алпите и Пиринеите, претворајќи ги падините во портокалова боја. Ваквите појави се случуваат обично на пролет на северната хемисфера, објаснуваат од Коперник.
Се проценува дека неколку микрограми честички прашина на квадратен метар се разнесени во поголемиот дел на Европа помеѓу 4 и 8 февруари.
ПМ 10 честичките може да навлезат во белите дробови, и да предизвикаат потешкотии во дишењето, астматични напади и други здравствени проблеми, но концентрацијата на прашина од Сахара не ги достигна нивоата што се сметаат за штетни по човековото здравје.