Педала патешествие: Една женска приказна со Билјана – Бибче

Вонредно во Социјалниот велосипедски центар „Педала“, овој вторник (25 февруари) со почеток од 21 часот има посебно „Патешествие“ со гостинка: Билјана – Бибче.

Таа на присутните ќе им раскаже една женска приказна за возење точак.

Оттука, овој настан се вика „Macedonian women bike squad – Една женска приказна“

„Поради ограничениот број на места, ве молиме соодветно да го резервирате и потврдите вашето учество на овој настан“, велат од „Педала“.

Од таму потенцираат дека СВЦ „Педала“ е поддржан со донација или членарина.