„Патување кон независноста“- изложба во воз на Државниот архив на Македонија

Државниот архив на Република Македонија, по повод 8 Септември – Денот на независноста, pодготвува изложба со која ќе се одбележи 25-годишниот јубилеј и ќе се презентираат значајни документи и фотографии што се чуваат во нивното депо.

Изложбата е насловена „Патување кон независноста“, а ќе биде поставена во патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Битола – Скопје, од денеска (29 јули). Брендираната гарнитура ќе сообраќа на оваа релација до 8 септември 2016 година.

Прикажаните материјали ќе го опфатат периодот од 1903 до 1991 година, со што покрај Референдумот од 8 септември се одбележуваат и јубилеите на Илинденското востание, Крушевската Република и АСНОМ.