Кршејќи ја традицијата, Папата Франциск ја постави на функција французинката Натали Бекард. Бекард е назначена за заменик-секретарка на Синодот на бискупите, со што е првата жена која го води одделот и има право на глас.
Бекард, која има 52 години, е една од двете нови заменик-секретарки на Синодот, бискупското тело кое ги проучува грамадните прашања на доктрината. Бекард била консултантка во телото од 2019 година.
Кардиналот Марио Греч, генералниот секретар на Синодот, истакнал дека саботните одлуки на Папата покажуваат желба за поголемо учество на жените во процесот на донесување одлуки во црквата.
„За разлика од претходните Синоди, бројот на жените кои учествуваат како експерти и аналитичари е зголемен. Со номинацијата на Сестрата Натали Бекард и можноста таа да учествува во бројните гласања, започнува едно ново поглавје“, додал тој.
Синодот е предводен од бискупи и кардинали кои имаат право на гласање, но и од експерти кои не можат да гласаат.
Папата со потекло од Аргентина работи на неговата замисла за реформирање на Синодот, преку вклучување на жени со што ја прави институцијата отворена за повеќе граѓани.
Вториот заменик-секретар поставен од Папата е шпанецот Луиз Марин де Сан Мартин.
Бекард е дел од францускиот сестрински ред „Хавиер“, има магистратура по менаџмент од париската бизнис школа „ХЕЦ“, а пред да се зачлени во сестринскиот ред студирала во Бостон.
Извор: Independent