Паметен прстен овозможува директно плаќање од сметка

Керв, нов паметен прстен кој е засега достапен само во Велика Британија, е замена за платежните картички.

Паметните уреди со можности за директно плаќање не се нешто ново. Луѓето ги користат своите телефони за да купуваат преку услуги како Епл Пеј веќе неколку години. Но, Керв функционира и без конекција со паметен телефон, со што корисниците можат да плаќаат преку технологија на „near field communication“.

Керв работи на платежната мрежа на МастерКард. Корисниците мора да регистрираат профил на услугата Керв МастерКард виртуелен припејд, но откако прстенот е еднаш пворзан, треба да работи секаде во светот, доколку земјата ги прифаќа можностите за бесконтактно плаќање.

Изумителите на Керв тврдат дека е прв ваков уред во светот, но се соочуваат со тужба од производителот на паметни прстени НФЦ Ринг, исто така од Велика Британија. НФЦ Ринг тврдат дека Керв украл нивна интелектуална сопственост во дизајнот на нивниот прстен.

Тимот на НФЦ ги демонстрираше можностите за плаќање со нивниот прстен претходно, а се партнери со Виза. Компанијата прв пат го пушти уредот во продажба во 2015 година, а беа користени и од спортистите на Олимписките игри во Рио во 2016.