Отворено: Родова рамноправност и еднакви можности

Каква е состојбата една деценија од донесувањето на Законот за еднакви можности помеѓу мажите и жените, дали се доволни родовите квоти за застапеност на жените во Собранието, колку се делат одговорностите за семејството и домашните обврски? Ова се дел од прашањата на кои ќе се дебатира во следната емисија „Отворено“ на тема родова рамноправност и еднакви можности.

Гости говорници се Цветанка Иванова, поранешна пратеничка во Собранието и координатор на пратеничката група на СДСМ, Флора Кадриу, поранешна пратеничка во Собранието, советник на претседателот на Република Македонија, Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонско женско лоби и Дамјан Здравев, претседател на НВО Реактор, Платформа за родова еднаквост.

Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето, во 16:00 часот во Томато продукција, а ќе се емитува на 24 Вести во понеделник, 7 март, во 20:40 часот.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).