„На барање на публиката и сите кои немаа можност да ја видат изложбата организираме Отворен вторник во Отворено графичко студио за затварање на изложбата ‘Чергари, патници’ со промоција на каталог во издание на Музејот на град Скопје“, велат од „Партизанска штампа“ за настанот во вторник, 16 декември, која ќе започне од 20 часот.
„Вторнички се знае дека музиките се во селекција на единствениот Владимир Муратовски – Диво, а ќе цртаме и печатиме во живо, затоа понесете си со себе другар и ‘вашата шоља чај’“, посочуваат оттаму.
„Чергари, патници“ е патување низ архетипите на колективната меморија со изложба на графики и книга во сито печат изработени изминатата година во студиото на Партизанска штампа. Инспирирана од традиционалната македонска орнаментика и нејзината симболика и форма, изложбата го следи патот на визуелниот јазик на културното несвесно од народниот вез до современата графика.
„Особена благодарност до екипата која работеше неуморно и без кои ова архивирање на изложбата во вид на каталог немаше да биде можно: Организатор: Атанас Ботев. Дизајн: Ангела Маневска. Автор на фотографии: Јелена Белиќ. Лектор: Ѓоко Здравески. Аудиозапис: Ѓорѓи Јаневски“, стои во најавата за настанот.
Во продолжение, потсетуваме на текстот кој го објави Радио МОФ пред започнувањето на изложбата:
„Чергари, патници“ – патување низ симболи и културната меморија на „Партизанска штампа“



