Отворен прашалник за мислења, искуства и предлози со цел унапредување на високото образование

Работната група за подготовка на Стратегијата за образование 2026-2032 изработи прашалник наменет за прибирање на мислења, искуства и предлози кои ќе придонесат за унапредување на стратешките насоки во високото образование, науката и истражувањето во Македонија, како дел од новата Стратегија за образование 2026-2032 година.

„Вашите одговори ќе бидат од исклучително значење за дефинирање на приоритетите, мерките и политиките во новата стратегија. Прашалникот содржи неколку отворени прашања, со можност за слободни коментари и предлози“, велат од работната група.

Крајниот рок за поднесување сугестии и предлози е 15 август. Прашалникот е анонимен.

„Ве охрабруваме да ги споделите Вашите ставови и идеи отворено и искрено. Ви благодариме за времето и придонесот“, додаваат оттаму.