„Отворен час со…” е новата програма на Театар за сите. Ќе се случува еднаш месечно и ќе биде тематски одредена. Настанот ќе се одржи утре (12 октомври) од 18:30 часот.
Филмската актерка и професорка на Факултетот за драмски уметности, Синоличка Трпкова ќе биде првата гостинка на првиот Отворен час на тема: разлики и сличности помеѓу филмското и театарското актерство.
„Освен наши поранешни и тековни посетители од групите за возрасни и средношколци, на Отворениот час ќе може да присуствуваат и сите оние кои ќе сакаат да дознаат нешто повеќе за темата на часот!“, велат од Театар за сите.
Исто така, напоменуваат дека ќе бидат разгледани и дискутирани подготовките за улогата и градењето на ликот пред камера и на сцена. Исто така, ќе може да се постави прашање кое отсекогаш ги интересирало присутните за актерскиот процес, а ќе има можност да се вклучат и практично во подготвените вежби.