Отворање на ревијалната „Годишна изложба“ на ДЛУМ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Националната галерија на Македонија-Објект „Мала Станица“, во четврток (12 февруари) ќе ја отвори ревијална „Годишна изложба“ на ДЛУМ.

Изложбата се организира како настан по 61. пат, а на неа ќе бидат претставени дела на 83 автори-членови на друштвото. Уметничкиот Совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“ на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност, од кои најзначајни се наградите „Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура.

Во рамките на ревијалната изложба годинава ќе се реализира и посхумна поставка во чест на уметникот Милош Коџоман.