Откриен метеорит формиран за време на настанокот на Сончевиот систем

Во алжирскиот дел на Сахара, во мај минатата година, научници го откриле најстариот метеорит од вулканско потекло. Потекнува од протопланета која се формирала во првите милиони години од Сончевиот систем или пред да се формира Земјата, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Метеоритот наречен „Erg Chech 002“ на подрачјето на јужен Алжир паднал „пред отприлика 100 години“, изјави геохемичарот Жан-Аликс Барат од Универзитетот во Брест.

За тоа неодамна во зборникот на Американската академија на науките беа објавени и резултати од студијата.

Француски и јапонски научници со длабинска анализа на составот и староста на пронајдениот метеорит, утврдија дека тој е стар околу 4.6 милијарди години и дека тоа е најстариот познат пример на магма од вселената. Анализите покажаа и дека метеоритетот веројатно бил дел од кора на објект познат како протопланета, големо карпесто тело што требало да стане планета.

Метеоритот некогаш бил лава, но се изладил и се претворил во цврст објект во период од 100.000 години. Барат посочи дека од метеоритот има 43 парчиња, а некои биле со големина колку една тупаница.

Истовремено, тој додаде дека веднаш сфатил дека тоа е многу невообичаено, токму поради нивното вулканско потекло. Повеќето карпести метеорити откриени на Земјата се составени од друг вид вулканска карпа, позната како базалт.