Откажан настапот на Danny Tenaglia во Охрид поради семејна трагедија

Поради семејна трагедија е откажан настапот на светски познатиот диџеј Danny Tenaglia на „Green Beach Festival“ во Охрид.

дени

„Со огромно жалење ве известуваме дека поради семејна трагедија, настапот на Дени Tенаглиа на Грин Бич фестивал во последен момент мораше да биде откажан. Во овој тажен момент длабоко сочувствуваме со Дени Тенаглиа и неговото семејство!
Ве известуваме дека Грин Бич ќе се одржи и во најскор можен рок ќе ве известиме за сите детали околу фестивалот.
Се надеваме на вашето разбирање и сочувство со овој исклучителен артист во овие тешки моменти“, наведуваат организаторите на Грин Бич преку официјалната Фејсбук страница на фестивалот, пренесувајќи ја пораката на Danny Tenaglia.

Untitled

Светски познатиот диџеј требаше утре, 1 август, да настапи во Охрид, со продолжен сет. Официјално загревање за „Green Beach Festival“ и големата журка со Danny Tenaglia се одржа синоќа во Радио МОФ.