Осуммина беа убиени и 11 повредени од возач на камион, кој свесно возел по велосипедска патека во Менхетен, Њујорк, во вторникот навечер.
Дваесет и деветгодишниот маж, кој наводно е узбекистански имигрант, беше застрелан од страна на полицијата откако го напуштил возилото.
Американскиот претседател Доналд Трамп му нарача на Депарманот за внатрешна безбедност да „истапи“ со мерките за претпазливост после нападот.
Осомничениот наводно викал „Алаху Акбар“ како што излегувал од камионот. Властите велат дека се работи за терористички напад, кој е најсмртоносен во градот после нападите на Кулите близначки.
Меѓу починатите, има и петмина Аргентинци, пријатели кои биле во Њујорк да ја прослават 30-тата годишнина од дипломирање.
Еден од мажите кои умреле, Ариел Ерлих, помогнал финансиски за патувањето на своите пријатели.
Во аргентинскиот град Кларин се прогласени три дена на жалост.
Еден од жртвите е Белгиец, потврди белгискиот министер за надворешни работи. Двете други жртви сè уште не се идентификувани.