Осуммина починати и 199 новозаразени од ковид-19 во последното деноноќие

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство попладнево информираше дека во последното деноноќие регистрирани се осум починати лица, два пациенти од Кочани на 74 и 70 години, по еден смртен случај е регистриран од Скопје и Ресен, пациент на 76 години и пациент на 88 годишна возраст, едно лице од Кавадарци на 77 години, и три лица од Гостивар, Гевгелија и Битола на 70, 63 и 65 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Од министерството исто така информираа дека во последните 24 часа потврдени се 199 случаи на ковид-19 и тоа 80 во Скопје, по 19 во Охрид и Кавадарци, 14 новозаразени во Тетово и 13 во Прилеп.

Девет новозаразени лица се регистрирани во Куманово, седум во Велес и Гостивар, шест нови случаи се пријавени во Струмица и Гевгелија, пет во Струга и Битола, по два во Ресен и Делчево и по едно новозаразено лице е регистрирано во Штип, Кочани и Кратово.

Регистрирани се 264 оздравени пациенти и тоа 111 од Скопје, 66 од Охрид, 35 од Струга, 9 од Куманово и Велес, 6 од Берово, 5 од Пробиштип, 4 од Битола, по 3 од Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш, а по едно оздравено лице е регистирано од Тетово, Штип, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар и Кратово.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.798, бројката на оздравени пациенти е 83.999, на починати е 2.924, а бројот на активни случаи изнесува 7.875“, се вели во соопштението од министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1846 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 470.691 тестирања на Ковид-19.