Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19, во болнички услови починале осум лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 75 и 68 години, тројца од Гостивар на 82, 68 и 56 години, еден пациент од Кочани на 69 години, еден пациент од Струга на 78 години и еден пациент од Струмица на 64 години.
Од МЗ соопштуваат дека се потврдени 225 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 120 случаи во Скопје, 17 во Тетово, 15 во Прилеп, 13 во Струмица, десет во Куманово, осум во Штип, седум во Битола, по шест во Струга и Кочани, четири во Охрид, по три во Гевгелија, Берово и Свети Николе, по два во Крива Паланка, Пробиштип и Кичево и по еден случај е регистриран во Гостивар, Виница, Делчево и Неготино.
Институтот за јавно здравје регистрирал 159 оздравени пациенти, односно, 56 од Скопје, по 14 од Струмица и Кочани, 13 од Куманово, по десет од Прилеп и Тетово, девет од Гостивар, седум од Кичево, четири од Свети Николе, по три од Битола и Крива Паланка, по два од Струга, Кавадарци, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип и Берово и по еден од Охрид, Македонски Брод, Делчево и Неготино.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19096, бројката на оздравени пациенти е 15645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683. Денес се евидентираат два контролни теста“, информираат од МЗ.
На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се пет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 47 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се три деца и три мајки суспектни на вирусот.
„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.841 теста.