Осомничениот за нападот во Берлин убиен во Милано

Во престрелка со полицијата, синоќа е убиен Анис Амри, осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Берлин, пренесува ББЦ.

Осомничениот е сопрен во рутинска проверка во населбата Сестро Сан Џовани во Милано, околу 3 часот утринава. Амри пукал во полицаецот кој му побарал документи за идентификација, по што бил убиен. Во престрелката повреден е еден полицаец.

Во друга акција, германската полиција уапси две лица во Оберхаузен поради сомнеж дека планираат напад.

Отпечатоците на прстите од убиениот човек се совпаѓаат со оние на човекот кој беше главен осомничен за нападот со камион во Берлин од понеделникот, во кој загинаа 12 луѓе, а 49 беа повредени.

Според италијанската новинска агенција АНСА, амри патувал со воз од Франција до Торино, па потоа со друг воз стигнал до Милано.