[Оскари 2014] Драмата „12 години ропство“ прогласена за најдобар филм

Во церемонијата на доделување на Оскарите што траеше 3,5 часа, драмата за ропството „12 години ропство“ на Стив Меквин е прогласена за најдобар филм на доделувањето на 86-те награди на Американската академија.

„Ова е ноќ во која се е можно. Како прво, можно е главната награда да ја добие филмот „12 години ропство“. Како второ, можно е сите да сте расисти ако не биде така“, се шегуваше во воведниот говор водителката и комичарка, Елен Деџенерис.

оскари

Најретвитуваната фотографија на Оскарите

И повторно се потврди дека на церемонијата на доделување оскари се е можно. Беше срушен рекордот во категоријата најретвитувана фотографија, посетителите имаа можност да јадат пица со Мерил Стрип, а Џенифер Лоренс повторно се сплетка со високите потпетици и го допре црвениот килим.

[Оскари 2014] Драмата „12 години ропство“ прогласена за најдобар филм

И покрај техничката совршеност на „Гравитација“ и филмот „Американска измама“, наградата за најдобар филм отиде кај потресната, робовладетелска драма „12 години ропство“. Силната приказна за човекот кој успеал да побегне од ланците на ропството, а кој по игра на судбината повторно е заробен, ги освои и публиката и членовите на Американската академија.

„Ќе се обидам да не досадувам премногу“ истакна Меквин почнувајќи го говорот. Наградата тој ја посвети на сите луѓе кои заслужуваат да живеат, а не да преживуваат и заклучи дека ова е „Оскар за сите нас, за модерните робови“.

оскар

Драмата „12 години ропство“ истовремено на Лупити Нионго и го донесе Оскарот за најдобра споредна женска улога, како и награда за најдобро адаптирано сценарио на Џон Ридли.

Оскар за најдобра машка улога доби Метју Меконахи за улогата во филмот „Бизнис клуб Далас“ додека неговиот колега од филмот, Џаред Лето доби Оскар за најдобра споредна улога.

За најдобра актерка прогласена е Кејт Бланшет за улогата во „Несреќната Џасмин“, филм во режија на Вуди Ален.

Оскар за најдобра режија доби Алфонсо Куарон за филмот „Гравитација“. Оскар за најдобар филм вон англиско говорно подрачје доби „Голема убавина“, во режија на Паоло Сорентино.

pica

Најдобар анимиран филм е прогласен „Замрзнатото кралство“. Оскар за најдобро оригинално сценарио доби филмот „Таа“.