Општина Кисела Вода времено ќе ангажира 15 образовни асистенти

Петнаесет лица со завршено високо образование од профилот дипломиран дефектолог, педагог, психолог, професор ( одделенски, предметен) ќе бидат времено вработени од Општина Кисела Вода преку проектот  „Учиме, се воспитуваме, другаруваме”. од Програмата „Општинско-корисна работа“. Од денес е објавен јавен повик на кој можат да аплицираат евидентирани невработени лица.

„Истите ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со дваесет работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од девет месеци ( во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес), статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош“, информираат од општината.

Право на учество имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Рокот за пријавување трае до 31.08.2020 година.

Јавниот повик со сите потребни информации е достапен на следниот ЛИНК.