Онлајн настани по повод 3 декември – Светскиот ден на лицата со атипичен развој

По повод 3 декември – Светскиот ден на лицата со атипичен развој, оваа година здружението Рилука, социјалното претпријатие Смартер Гаиа и Фејсбук групата „Сончогледи под сонцето за невидлива попреченост“ одлучија да се вклучат во неговото одбележување, но во малку поинакво издание.

„Лицата со посебни потреби, како во целиот свет, така и во Македонија, секојдневно се соочуваат со бариери кои го попречуваат нивното учество во општествениот живот и не ретко тие лица живеат на маргините на општеството. Често пати општеството овие лица ги игнорира и ги става во нееднаква положба во однос на останатите, односно ги дискриминира и обесправува. За лицата кои се со видлива попреченост можеме да ја забележиме таа дискриминација и обесправување, но за лицата со скриена попреченост не можеме да го забележиме тоа, бидејќи тие на некој се невидливи, односно не ја гледаме нивната попреченост, иако таа постои. Оваа година рeшивме посебен акцент да ставиме на лицата со невидлива попреченост, лицата кои секојдневно ги гледаме околу нас, но нема да ја забележиме нивната попреченост“, соопштуваат организаторите.

Поради актуелната Ковид ситуација, одлучија да одржат повеќе настани во текот на денот кои ќе бидат преку интернет и ќе траат преку целиот ден.

„Преку игра и забава сакаме да докажавме дека сите сме еднакви и дека пријателството нема граници, без разлика на целта ситуација во која во моментов се наоѓаме“, велат организаторите.

Настаните ќе се одвиваат по следниов распоред:
10:00 часот – утринска зумба. Часот го води Ирена Лозана – Зумба инструктор за деца и лица со поинаквости.
12:00 часот – отварање на Online базарза поддршка
14:00 часот – Запознај ги невидливите и сончогледовите ленти, како и промоција на веб страната soncogledi.mk
17:00 часот – забава со кловнот Заги – забавата ќе ја води Драгана Спасевска
19:00 часот – Завршна забава и јавна благодарност до сите кои до сега ни беа целосна поддршка како и поделба на сочогледовите ленти

За одржувањето на настанот и линкови за негово вклучување ќе може да се најдат ТУКА.