ОН формираа тим кој ќе ги истражува воените злосторства во Сирија

Првата најголема промена која ја направи новиот Генерален секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес, е нова единица со седиште во Женева, која ќе анализира информации и ќе подготвува идни случаи за најсериозните злоупотреби кои се сметаат за меѓународни воени криминали.

„Првенствено, тимот ќе истражува воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид“, велат од тимот. Иако нема да може да покренува обвиненија, сепак документите кои ќе ги изработува ќе бидат погодни за покренување идни обвиненија од страна на државите или од меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Фокус ќе стават и на доказите собирани од 2011 година од истражната комисија на ОН, со кои можеби ќе бидат потпишани и тужби.

Правние експерти и активисти сметаат дека иницијативата е потребна.

„Акцент се става на собирањето докази и градењето на кривични постапки пред да се „оладат“ овие злосторства“, вели Ендрју Клепам, професор на меѓународно право во Женевскиот институт за интернационални студии и студии за развој.

Џереми Смит од Каирскиот институт за студии за човекови права, вели дека ОН мора да ја постават основата за кривичните дела пред било каков „егзодус“ на сторителите, кога војната ќе заврши.

„Ова е единствен начин да се осигураме дека воените криминалци нема да побегнат преку напуштање на местото на злосторот“, додава.

Истражната комисија издаде околу 20 извештаи во кои го обвинува сирискиот претседател Башар ал Асад и неговата влада, бунтовничките сили и Исламската држава за масовни убиства, силувања, исчезнувања и регрутација на деца-војници. И тие немаат обвинителска ингеенција, но формираа државна полиција која има за цел да ги „отстрани“ злосторствата и да собере доверлива листа на осомничени од сите страни на војната, која се чува во сеф.