Оливер Белопета заминува од Скопскиот џез-фестивал

Долгогодишниот уметнички директор на Скопскиот џез-фестивал, Оливер Белопета синоќа го соопшти своето заминување од функцијата.

Оливер Белопета заминува од Скопскиот џез-фестивал

„Ја користам можноста вечерва да ви соопштам дека на местото уметнички директор на СЏФ ќе има ново име од странство. Јас не заминувам целосно од фестивалот, ќе бидам постојано тука некаде во уредувањето на програмата, но сепак тоа ќе го прави новиот уметнички директор. Неговото име ќе го дознаете наскоро“,  соопшти Белопета на последната вечер од годинешното издание на фестивалот, објави Телеграф.

Синоќа заврши последната вечер од 32. издание на Скопскиот џез фестивал.