Околу 300 гитари на славни музичари ќе бидат понудени на аукција во Њујорк

Околу 300 гитари, вклучително и инструментите на кои свиреле Eric Clapton, Elvis Presley и  Eddie Van Halen, ќе бидат дел од аукција, што ќе се одржи кон крајот на месецот во Њујорк.

Меѓу најзначајните инструменти на продажба е понудена и Gibson super 400, со седум жици од 1952 година, направена за починатиот студиски музичар Tommy Mottola, за која се очекува да достигне цена од 100 000 долари.

Во својата кариера, Mottola работел со големи музичари како Frank Sinatra, Perry Como, Johnny Mathis и Rosemary Clooney.

Во понудата се и две гитари од филмот награден со Оскар „In cold blood”, режиран по книгата на Truman Kapote, и која ќе бидат понудени по почетна цена од 150 000 до 200 000 долари.

Се очекува дека жолто-црната гитара, специјално направена за Eddie Van Halen, во 80-тите, ќе достигне цена меѓу 60 до 80 000 долари, а купувачот ќе ја добие заедно со инструментот и оригиналната сметка што му била доставена на музичарот при купувањето.

Во каталогот за аукцијата се наоѓаат и четири гитари поврзани со Eric Clapton, две се и потпишани, како и неколку инструменти на Elvis Presley и каиш за гитара што Jimi Hendrix го користел на Вудсток.