Охридско средно училиште стана член на УНЕСКО мрежата „Здружени училишта“

Охридското средно училиште „Климент Охридски“, на предлог на Националната комисија на УНЕСКО за Република Македонија, примено е во членството од мрежата на УНЕСКО – „Здружените училишта“ (UNESCO Asoociated Schools Project Network), пишува Мета.

Сертификат за членство на училиштето e потпишан од генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова.

Училиштето се обврза да ги промовира идеите на УНЕСКО и да ги зацврстува човековите, културните и интернационалните димензии на образованието преку иновативна настава и учење.

Под патронатот на УНЕСКО, како светски заштитетни вредности, од 1989 година, се наоѓаат старото градско јадро на Охрид, како заштитена културна вредност, но и Охридското Езеро, како заштитена природна вредност.