Огромни мрежи кои собираат вода од магла ќе ја решаваат кризата со вода во Мароко

За руралните заедници кои живеат околу планината Мутмезгида во Мароко, водата е ретка и скапоцена. Тоа е една од најсувите области во држвата, а на тоа дополнително влијаат и климатските промени.

Сепак, невладина организација именувана Дар Си Хмад, во соработка со Германската фондација за вода, ќе го решава овој проблем со инсталирање на мрежа која собира вода од маглата. Ова е најголем проект за собирање на вода со овој метод досега во цел свет.

“CloudFisher” системот е составен од мрежи кои ја „фаќаат“ маглата и ја претвораат влажноста во вода. Може да собере до 5050 свежа, чиста вода секој ден, која блиските села можат да ја користат.