(ВИДЕО) Одбележана годишнината од трагедијата во Кочани со собир пред „Пулс“

Во 02:15 часот пред дискотеката „Пулс“ во Кочани се одржа собир на родители, пријатели, роднини и граѓани, по повод годишнината од трагедијата во која животот го загубија 63 претежно млади лица. Настанот беше организиран непосредно пред точната минута кога избувна пожарот во објектот односно 2:32 часот.

Присутните оддадоа почит со палење свеќи, оставање пораки и испишани имиња на загинатите. Пред оградата поставена околу опожарената дискотека беа поставени транспаренти, а дел од граѓаните се задржаа во тишина во знак на сеќавање.

Собирот е дел од повеќе настани организирани за одбележување на годишнината од трагедијата. Организаторите и присутните истакнаа дека целта е да се зачува споменот на жртвите и да се изрази поддршка за нивните семејства.