Од денеска сексуално образование во 66 училишта во Војводина

Во 66 средни училишта во Војводина оваа учебна година се воведува предметот „Здравствено соспитување за репродуктивното здравје“ . Потребата за воведување на ваков предмет доаѓа по резултатите на анкетираните ученици кои покажале дека секој осми ученик на 14 години веќе стапил во сексуални односи, а најголемиот дел од нив за сексот „учат“ од другарите за време на големиот одмор или на интернет.

Од денеска сексуално образование во 66 училишта во Војводина

Истражувачите кои ја правеа анкетата на Институтот за јавно здравје на Војводина се согласуваат дека резултатите се загрижувачки.

„Од 27 прашања на тестот учениците во просек знаат точен одговор на девет, а ниту еден од нив не дал повеќе од 22 точни одговори. Не знаат дека кондомот штити и од бременост и од инфекција, но секој десети ученик е сексуално активен. Не знаат што се полово преносливи болести, менструален циклус, веруваат дека абортусот не е ризичен. Секој осми ученик кој е сексуално активен признал дека барем еднаш имал односи против своја волја. Како причина за тоа го наведуваат дејството на алкохолот и притисокот на партнерот. На прашањето што користат за заштита, најголем процент велат дека тоа е „кондом“ , потоа „ништо“, па „апче за ден потоа“, посочуваат од Институтот.

Извор: 24 sata