Од утре, Археолошкиот музеј ги отвoра своите врати за посетителите согласно препораките и новиот протокол за посета на музеј.
Оттаму велат дека за влез во Музејот задолжително е носењето маска, како и дезинфицирањето и одржување на препорачаната дистанца. Забрането ќе биде допирање на експонатите, а се препорачува бесконтактно плаќање.
Преку соопштението за отворање на Музејот, се искажа и благодарност за донацијата на апарат за дезинфекција.
„Голема благодарност до амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е Сергеј Баздникин и тимот на амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија, кои ја покажаа својата општествена одговорност со донирање на бесконтактен апарат за дезинфекција на раце, поставен на самиот влез на музејот, со кој на посетителите им се овозможува уште побезбедна посета во нашата постојана поставка“, истакнаа оттаму.