Од 20-ти септември „Недела за Иднината“ со серија протести и активности во Скопје

Почнувајќи од 20-ти септември (петок), на светско ниво започнува глобална климатска акција на секојдневни протести кои ќе траат цела недела.

Локалниот огранок на иницијативата „Fridays For Future“ во Скопје најавува дека акцијата ќе ја одбележи со повеќе протести и активности:

20-ти септември (петок) – отварање на неделата за иднината со протест на платото во близина на Владата кај споменикот на ослободителите на Скопје. Протестот ќе започне во 13 часот и ќе ја има поддршката на повеќе организации за животна средина. Барањата на „Петоци за Иднината“ ќе бидат изложени на објектот.

21-ви септември (сабота) – учество во велосипедско возење низ Скопје во организација на Еко-свест. Критичната маса #наточак ќе започне во 19 часот во паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули, и ќе заврши во 19 и 30 пред Школка во градски парк, каде ќе се одржи филмска проекција под отворено небо на тема климатски промени.

22-ри септември (недела) – акција за ослободување на заробени дрвја во Скопје.

25-ти септември (среда) – панел дискусија во кафе Котур во 18:30.

26-ти септември (четврток) – работилница “Градење моќ и глокално дејствување”, со дискусии на темите политичка екологија и климатски промени.

27-ми септември (петок) – марш за климата со почетна точка Министерство за животна средина, преку Собрание, до Влада. Почетокот на собирот ќе биде во 13 часот. Демонстрантите ќе се движат строго по тротоар да се избегнат блокади на сообраќајот. Затварањето пред Влада ќе биде пропратено со музичка содржина.

Повеќе за сите настани, на следниот ЛИНК.