Oбука – активизам за права на животните, застапување и лобирање

Во рамките на проектот „Заедно за животните, заедно за граѓаните“, здружението за заштита на животни Анима Мунди организира обука за подигнување на свесноста кај граѓаните за правата на животните преку процесот на застапување и лобирање.

Обука

Целта на обуката е со промоција на активизмот и граѓанското учество да се зголеми соработката и солидарноста меѓу здруженијата за заштита на животни, да се воспостави база за координирано и за синхронизирано дејствување во иднина и да се засили и директното влијание во процесот на донесување одлуки на локално и на централно ниво.

Обуката ќе се одржи во сабота (22 март) во Центарот за неформално образование Триаголник (ул. „Мајаковски“ 2/3, спроти Универзална сала), а со почеток во 11 часот.

Обуката се реализира во соработка со партнерските организации „Гласот за животните“, „Мали Херои“, „Анималија„ и „Animal world”, а се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија.