Објавени три повици за аплицирање за дел од програмите на фестивалот „Браќа Манаки“

Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ објави три повици за аплицирање за дел од програмите на годинешниот фестивал. Заинтересираните, студенти и искусни професионалци, може да аплицираат со кратки, студентски и документарни филмови на повикот кој ќе биде отворен до 26 јуни.

Организаторите посочуваат дека се очекува во август веќе да бидат познати резултатите од направената селекција.

Најновото 44. издание на фестивалот организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија,  традиционално и оваа година ќе се оддржи во Битола во септември.

Повеќе информации поврзани со критериумите за аплицирање се достапни на веб-страница на фестивалот или може да се информирате на официјалната електронска адреса office@manaki.com.mk.