Објавена програмата за манифестацијата Есенски музички свечености

Дванаесет концерти од познати изведувачи на класична музика годинава ќе бидат дел од манифестацијата Есенски музички свечености.

Објавена програмата за манифестацијата Есенски музички свечености

Програмата која ја организира Скопско културно лето со поддршка на град Скопје започнува на 4 ноември со вечерта насловена „Музиката продолжува“ која е посветена на Снежана Анастасова – Чадиковска и нејзиното заминување во пензија. Овој концертот на пијано е закажан ќе се одржи во Музејот на Град Скопје со почеток во 20 часот.

Во рамките на годинешните Есенски музички свечености на 8 ноември ќе настапи дуото составено од Дарко Никичевиќ и Срѓан Булатовиќ во Културно информативен центар на 8 ноември, свој концертот ќе имаат студентите на Факултетот за музичка уметност од Скопје, загребскиот ансамбл на флејти „Zaf collage“, триото „G.A.G.“ , швацарскиот ансамбл „Pre-art“ и други.

Затворањето на манифестацијата ќе биде на 30 ноември, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност со вечерта „Мечтаеме со звукот на флејтата“, под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар.

Целата програма за Есенските музички свечености може да се види на овој линк.