Објавен конкурсот за студентски стипендии

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи. Од 1 ноември започна аплицирањето за стипендии, за вкупно четири категории и ќе трае до 15 ноември.

Заинтересираните студенти кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку платформата Е-услуги.

Во првата група ќе се доделат 1.470 стипендии за редовни студенти од социјални категории запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи во Македонија.

Во втора група – 770 стипендии (724 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 46 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.51 а кои се запишани на факултети од научното подрачје на природно-математичките, техничко-технолошките науки (на пр. машинство, електротехника, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, металургија, рударство, текстилно инженерство и сл.), научното подрачје на биотехнички науки (на пр. ветеринарна медицина, пчеларство, овоштарство и сл.) и научното подрачје на медицински науки и здравство, а за студентите на факултетите од научното подрачје на општествените науки и на факултетите од научното подрачје на хуманистичките науки да имаат постигнато најмалку 9.01 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година.

Потоа, ќе бидат доделени 85 стипендии (80 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 5 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9.01 просечен успех и 15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности.

Освен тоа, ќе има и 15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, со месечна стипендија од 6.050 денари за девет месеци во годината.

Ќе се доделат и 15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик), со месечна стипендија од 6.050 денари за девет месеци во годината.

Во третата група – 500 стипендии (480 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7.50 просеченен успех но не повеќе од 8.50.

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи треба да се редовни студенти, да не повторувале година во текот на студирањето, да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании и да се државјани на Македонија.

Мета.мк