Новинарите бесплатно ќе користат документи од Регистар и Катастар

На вчерашната седница на Влада беше донесена мерка со која на медиумските работници им се овозможува право на бесплатно користење на услугите на Централниот регистар и на Агенцијата за катастар на недвижности, што ќе им се овозможи непречено да известуваат и истражуваат.

„Со оваа своја мерка, Владата на Република Македонија им излезе во пресрет на барањата на новинарите и на новинарските здруженија и обезбеди слободен пристап до извори на информации од посебно значење за истражувачкото новинарство“, велат од Владата.

Инаку, досега новинарите за да земат една обична тековна состојба од Регистарот им требаа 4 евра, а за да „прочешлаат“ некоја фирма може да има требаат 50, 100, 200 евра…  Во Италија, на пример, за 6 евра можат да се земат стотици страни документи за фирма.