Новинари во унгарски „Индекс“ дадоа отказ по отпуштањето на главниот уредник

Десетици новинари, вклучително и уредници, си поднесоа откази од еден од најчитаните новински веб-страници во Унгарија поради отпуштањето на главниот и одговорен уредник на „Индекс.ху“ неделава.

Близу 60 вработени во медиумите рекоа дека ја напуштаат најчитаната веб-страница на земјата, бидејќи отказот на Шаболц Дал ја загрози нејзината професионална независност и нејзината иднина. Марш и митинг се планирани во знак на солидарност со „Индекс“.

Веб-страницата веќе долго време беше мета на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој некогаш ја нарекуваше „фабрика за лажни вести“, а неодамнешното стекнување на контрола врз рекламирањето на веб-страницата од сојузниците на Орбан, се сметаше за лош знак за нејзината независност.

Минатиот месец, „Индекс“ го премести својот „барометар за независност“ во „опасност“ од „независен“, откако беше соочен со плановите на раководството за реорганизирање на редакцијата, за што остро се спротивставија.

Оставките се случија откако раководството одби да го исполни барањето на персоналот да го врати Дал.

Претходно овој месец, потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност Вера Јурова изрази поддршка за медиумот.

„Ја следев состојбата на ‘Индекс со загриженост’“, рече Јурова. „Би сакала да ја изразам мојата солидарност со персоналот на ‘Индекс’, кој работи под многу тешки услови“.