Кампањата за заштита на единственото место во Бугарија кое е под заштита на УНЕСКО, Пирин планина, продолжуваат денеска, но со уште поголема поддршка.
Илјадници граѓани во неколку наврати излегуваа на протести минатата година во главниот град Софија за да протестираат против проширувањето на ски-центарот кој се наоѓа на Националниот парк Пирин. Градежните планови претходно ги одобри владата.
Сепак, и по повеќето протести кои се проширија во другите градови, властите не се повлекуваат од одлуката.
Во исто време, пак, се случуваа и контра-протести на граѓани кои ги поддржуваа градежните планови.
Бугарски и меѓународни активисти со години наназад прават кампањи за да запре проширувањето на ски-центарот во Банско, најголемата скијачка област во државата која привлекува странски туристи.
Во декември, владата го одложи усвојувањето на контроверзниот план откако уличните протести во Софија беа придружени со огромна кампања на социјалните мрежи која доби поддршка од бројни јавни личности, меѓу кои Леонардо ди Каприо и Џаред Лето.
Покрај ова, беше покрената и онлајн петиција до премиерот Бојко Борисов, на која се потпишани над 110 000 луѓе.
Ски-одмаралиштето во југозападниот дел на Бугарија се наоѓа во Националниот парк Пирин, кој е на листата на УНЕСКО како заштитена природна област. Паркот е дом на леднички езера и разновидна флора и фауна, вклучувајќи волци, мечки и уникатни врсти на дрвја.
Новиот план ќе ја прошири големината на одмаралиштето, дозволувајќи изградбата да зафати 7,5 отсто од заштитената област и ќе дозволи широко распространето навлегување во други делови на паркот, наводно под маска за реставрација, според „Гардијан“.
Мирослав Калугеров, директорот на Службата за заштита на природата во Бугарија, рече дека планот за развој е наменет за „отстранување на заболените и оштетени индивидуални и групи на дрва“ и додаде дека стравовите од комерцијална сеча се „неоправдани и неосновани“.
Бугарската невладина која ги организира протестите „За да остане природата“, вели дека како заштитена област, секој развој на областа на Пирин е предмет на изјава за влијанието врз животната средина, која невладината организација вели дека не е спроведена. Овозможувањето на понатамошна изградба во Банско би можело да ја изложи земјата на тужба од ЕУ, велат од групата, нарекувајќи го планот „импресивно слаб начин” за започнување на мандатот на Бугарија во претседателството на ЕУ.
Дел од политичарите ја делат загриженоста на еколозите дека репутацијата на Бугарија како дестинација за одмор ги расипува своите планински и одморалишта на плажа.
Аргументот дека сечата е оправдана за да се отстранат заболените дрвја, исто така беше кажан во Полска, која сега е предмет на Европскиот суд на правдата, со цел да престане сечата во Бјаловешка шума.