Нови имиња на „Фјужн“ и „Рифс&Битс“ сцената на Егзит 2014

Фестивалот Егзит кој од 10 до 13 јули ќе се одржи на Петроварадинска тврдина во Нови Сад најавува „музички пат околу светот“ и шиток спекрар на музика од британски даб, корејски амбиентален метал и германски инди-фолк, па сè до култната Американа и јапонскиот алтернативен рок. На „Фјужн“ и „Рифс&Битс“ бините доаѓаат гитари, тапани, басови, дајре и традиционални инструменти од Америка, Европа и Азија.

 Нови имиња на „Фјужн“ и „Рифс&Битс“ сцената на Егзит 2014

Во петок, на 11 јули на на „Фјужн“ бината ќе настапат Asian Dub Foundation. Нивниот звук е комбинација на џангл ритми, даб, панк рок гитари, ситра и традиционални индиски мелодии. За време на својата долга и плодна кариера ADF ја делеа бината со музички великани како Rage Against The Machine, The Cure и Radiohead. На летната турнеја ќе го претстават својот нов албум „The Signal and Noise“, објавен кон крајот на минатата година во Јапонија, а неодамна и во остатокот од светот. Не го пропуштајте концертот на овие мајстори на настапите, кои важат за еден од најдобрите лајв бендови на светот, способни секоја свирка да ја направат единствена и незаборавна.

Култниот американски рок бенд, The Afghan Whigs, го најави својот седми по ред албум, „Do to the Beast“, враќајќи се на сцената на алтернативниот рок во голем стил. Составот кој изврши огромно влијание врз многу припадници на овој жанр, го презентира сето свое музичко умеење и сè она што нè очекува на овој албум, кој излегува оваа пролет, со последниот сингл „Algiers“. Првоборците на гранџ звукот и Американа пионерите се враќаат со својата мрачна поезија од градските улици која се граничи со црн хумор, на 10 јули на бината „Фјужн“.

На истото место, но на последниот ден на фестивалот ќе настапи и германскиот состав Mighty Oaks, кој го чинат тројца членови од три различни држави. Среде електронскиот Берлин, Американец, Италијанец и Британец создадоа свое инди-фолк прибежиште, во кое творат ненаметлива, а сепак моќна музика која за кратко време ја маѓепса интернет заедницата. Првиот студиски албум „Howl“ го објавија пред неполни месец дена, а последниот сингл „Brother“ стана вистински хит во инди круговите.

Настап на Егзит 2014 ќе има и јужнокорејскиот амбиентален метал бенд со единствениот пост-рок, пост-авангарден звук, Jambinai. По големиот успех на првиот албум „Difference“, корејскиот петчлен состав го најавува и својот втор албум, закажан за мај со што стана совршен бенд за „Рифс&Битс“ бината на која настапуваат во недела, 13 јули.

Истиот ден на „Фјужн“ доаѓа и јапонскиот алтернативен рок состав од Кјото,Tricot. Деби албумот „T H E“ го објавија во октомври минатата година, а за време на претходните две години свиреа на најважните јапонски музички фестивали, како што се „Фуџи Рок“ и „Рок Ин Џапан“. Ова лето тргнуваат во поход за освојување на Европа.