Нова веб услуга за електронско плаќање на сметки за вода

Преку „Плати брзо” ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на своите корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот – Мој водовод.

На елетронскиот сервис „Плати брзо“ со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија. Според „Водовод“, тоа претставува одлична можност особено за оние корисници кои патуваат често или живеат во странство, а ги користат нивните услуги.

„Со оваа нова услуга нашите корисници ќе заштедат време и пари. Дополнително на електронскиот систем ги овозможуваме сите шалтерски услуги како: започнување процедура за ажурирање на вашите лични податоци; преглед на вашиот долг, плаќање на сметки или рати, ажурирање на состојбата на потрошувачка на вашиот водомер, пријавување дефект, електронска достава на вашата месечна фактура или целосно исклучување на печатената достава на сметки“, велат од „Водовод“.