Тимот на Ways2Help заедно со „Љубезност“ информираат дека овој септември прават поинаква промена преку акцијата „Плати сметка, помогни на социјално загрозено семејство“.
„Да овозможиме топол дом, светлина и основни услови за учење на сите дечиња од социјално загрозените семејства! Со оглед на моменталните услови и несомнените последици од светската пандемија изминативе неколку месеци претставуваа вистински предизвик за одредени семејства. Она што навистина не погоди е како некои семејства одеднаш беа принудени да се соочат со огромни тошоци за кои не беа во можност да си обезбедат финансиско покритие“, соопштуваат од Ways2Help.
Од таму посочуваат дека преку изминатите нивни акции се убедени дека хуманоста на луѓето е повторно разбудена, а свеста и желбата да се помогне се тука, па повторно ги повикуваат граѓаните заеднички да направат промена.
„За оваа акција преку здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени – Љубезност, обезбедивме неплатени сметки за струја не постари од 12 месеци од 6 социјално загрозени семејства кои се нивни крајни корисници“, велат од платформата.
Процесот за ПЛАТИ СМЕТКА на социјално загрозено семејство е следен:
- Одете на следниот линк: https://ways2help.us/plati-smetka/
2. Одберете семејство, износ на фактура чиј износ би сакале да го покриете.
3. Копирајте ги корисничкиот број и бројот на фактура и притиснете „плати“.
4. Внесете ги копираните податоци и следете ги чекорите за наплата.
5. Направете screenshot/фотографија од успешната наплата и прикачете го на страната ПЛАТИ СМЕТКА – https://ways2help.us/plati-smetka/ под податоците за семејстата.
Од платформата потенцираат дека испраќањето на ДОКАЗ за плаќањето на сметка е ЗАДОЛЖИТЕЛНО тоа вклучува слика или screenshot кои можат да се прикачат на страната со цел да имаме евиденција на исплатените сметки.
„Со ова, платените сметки ќе бидат соодветно ажурирани. Тимот на Ways2Help заедно со Вистински Дела На Љубезност ја потврдува состојбата на семејствата и валидноста на информациите. Благодариме однапред на срдечноста и желбата да се помогне на сите оние на кои им е најпотребно!“, соопштуваат волонтерите на Ways2Help.