Нов Зеланд во училиштата ќе обезбеди бесплатни производи за менструална хигиена

Владата на Нов Зеланд соопшти дека ќе обезбеди бесплатни санитарни производи во училиштата низ целата земја, во обид да се справи со менструалната сиромаштија – кога девојчињата или жените не се во можност да си дозволат или да пристапат до доволно производи за менструална хигиена.

Скоро 95.000 девојчиња во земјата на возраст од девет до 18 години се смета дека остануваат дома место да одат на училиште за време на нивниот менструален циклус, бидејќи не можат да си дозволат влошки или тампони, се вели во соопштението на премиерката Јакинда Ардерн.

„Со тоа што ги правиме бесплатни, ние ги поддржуваме овие млади да продолжат да одат на училиште“, рече Ардерн.

Владата на Нов Зеланд вложува 1,7 милиони американски долари во иницијативата, која најпрво ќе биде спроведена во 15 училишта, оваа година. Програмата потоа ќе се прошири на национално ниво во сите државни училишта до 2021 година.

Проблемот со пристап до средства за менструална хигиена честопати се смета како проблем ограничен на земјите во развој. Но, неколку студии откриваат декаова влијае на милиони луѓе во најбогатите нации во светот, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Нов Зеланд.

Анкетата за здравје и благосостојба на младите со седиште во Нов Зеланд откри дека 12% од учениците на возраст од 12 до 18 години) кои менструацијата пријавиле потешкотии во пристапот до санитарни производи заради цената. Исто така еден од 12 студенти пријавиле дека го пропуштиле училиштето заради немањето пристап до санитарни производи.

„Менструацијата е факт на живот за половина од населението и пристапот до овие производи е неопходност, а не луксуз“, рече министерката за жени на Нов Зеланд, Џули Ен Гентер.

Поради неможоста да си дозволат или да пристапат до санитарни производи, или да управуваат со основната менструална хигиена, девојчињата ширум светот прибегнуваат кон употреба на партали, стара облека, весници, сено, песок, па дури и пепел, тврдат од УНИЦЕФ и други организации .

Премиерката Ардерн рече дека иницијативата е дел од поширокиот напор за намалување на детската сиромаштија во земјата.

„Нашиот план да ја преполовиме сиромаштијата кај децата за 10 години прави разлика, но треба да се направи повеќе и за семејствата погодени од глобалната пандемија со Ковид-19, важно е да ја зголемиме таа поддршка што може да направи голема разлика”, рече таа.

Менструацијата не е луксуз – ќе се собираат потписи за намалување на ДДВ-то на менструалните производи