Нов Зеланд регистрираше 41 случај на КОВИД-19, додека се движи кон најголемиот пик во пандемијата

Нов Зеланд се подготвува за својот најголем пик на заразени од коронавирусот, со растот на случаите, каде се загрозени над 400 места, а бројот на блиски контакти се зголеми на повеќе од 15.700 луѓе, јавува Гардијан.

Во вторникот, во земјата се забележани 41 нов случај, со што вкупниот број позитивни случаи изнесува 148, од кои мнозинството се поврзани кластер од црква во Окленд, пред да се воведе карантинот на национално ниво. Со ова, карантинот на целата држава е продолжен барем до крајот на неделата, бидејќи земјата се бори да го спречи ширењето на варијантата Делта. Осум од позитивните лица се во болница со вирусот, но никој од нив не е на интензивна нега.

Првиот случај од кој изби епидемијата е повратник од Австралија. Се уште не е познато како вирусот се пренел од патникот кој бил во задолжителен карантин, но се истражува.

„Како што знаеме, многу заразен и пренослив, и како што гледаме се шири доста брзо“, изјави генералниот директор за здравство, д -р Ешли Блумфилд, кој додаде дека справувањето со делта варијантата е како справување со сосема нов вирус.

Блумфилд рече дека за ова ширење е критично е луѓето да ги следат правилата за карантин.

„Здравствените работници и понатаму продолжуваат да ги откриваат луѓето кои најверојатно биле во контакт со случајот „КОВИД-19“ и можеле да бидат заразни пред да започне карантинот“, рече премиерката, Џacинда Ардерн.

„Минатиот август поминаа 18 дена, пред да бидеме сигурни дека е под контрола. Овојпат, ние имаме двојно поголеми од дневните броеви на случаи. Овој пат ќе биде подолго “, изјави професорот по математика од Универзитетот во Кантербери, Алекс Џејмс.

Тој додаде дека земјата бројот на позитивни случаеви ќе достигне врв во следните неколку дена, но очекува дека ќе бидат потребни четири до шест недели пред да почне намалувањето на бројките. Во меѓувреме, интересот за вакцина се зголеми, со тоа што само во понеделникот се дадени 63,333 дози, а целосно вакцинирани се околу 20% од Новозеланѓаните.