Нов удар врз приватноста на Gmail

Корисниците на Gmail наскоро ќе можат да забележат дека им стигнуваат пораки во сандачето од сосема непознати луѓе. Ако сте корисници на Gmail , најверојатно имате и Google+ сметка, пишува Нuffingtonpost.  Со новите ажурирања, Google наскоро ќе им дозволи на своите корисници на Google+ да испратат мејл на било кој корисник на Gmail, кој не мора да биде на Google+, па дури и на сосема непознати лица без да бара дозвола од корисникот на сметката на е-поштата. Сепак овие лица нема да ја дознаат вашата адреса ако не им одговорите, уверуваат од Google.

Нов удар врз приватноста на Gmail„Вашата адреса не е видлива на Google+, освен ако не и пратите на таа личност е-порака, исто како што и адресата на испраќачот нема да биде видлива за вас ако не одговорите“, појаснуваат од Google. 

Еве како ќе изгледа мејлот од непознат испраќач:

http://www.huffingtonpost.com/2014/01/09/google-email_n_4570818.html?ncid=edlinkusaolp00000009

Компанијата ќе ги извести корисниците за овие промени со порака во е-поштата, а таквите пораки ќе се ставаат во Social tab. За оние кои сметаат дека сандачето ќе им биде преполнето со вакви пораки, Google дава брза опција за исклучување на промената така што ќе влезете во Google+ профилот во “extended circles,” и ќе одберете “circles” or “no one”:

22

Од Google велат дека ќе пратат и директен линк преку порака до овие подесувања откако ќе се појави промената, пишува Нuffingtonpost.