Нов мурал на Бенкси се појави на ѕид од основно училиште во Бристол

Уличниот уметник Бенкси остави „изненадување“ на ѕидовите на основно училиште во Бристол.

Таинствениот уметник нацрта мурал на еден од ѕидовите на основното училиште „Bridge Farm“, откако неодамна беше именуван училишен дом по него.

Муралот е откриен кога наставниците се враќале од пауза, заедно со писмо во кое вели: „секогаш е полесно да се добие прошка, отколку дозвола“.

Портпаролот на Бенски потврди за BBC дека уметничкото дело е негово. Раководителот на училиштето Џеф Мејсон сака да го зачува муралот и „нема планови да го продаде“.

Тој рече дека изненадувањето било „инспиративно и поттикнувачки“ за неговите ученици.