Нов „ФИЈУК саем“ денес во „Буква“

Во кафе-книжарницата „Буква“ денес (31 мај) од 16 часот ќе биде отворен „ФИЈУК“ – саемот на независни издавачи.

Од 17 часот е најавена изложба за колажи, додека од 20 часот ќе има изложба на Илина Ѓорѓиевска и промоција на книгата „Trash treasure“, која е сублимат на нејзини колажи печатени сито печат во издание на Партизанска штампа.

Во 22 часот ќе има и концерт на „(точка) ком“.

„Македонија не е духовно јалова земја. И тука се вреднува искреноста и вирее љубовта кон животот. Живеат конструктивната критика и слободниот израз, светилник во смогот”.

Се работи за музичко трио сочинето од Дарио Циевски На тапани, Драган Теодосиев исто на тапани и Мартин Џорлев на гитара, бас, сајзер и вокал.

Излагачи на саемот ќе бидат Јелена Белиќ, Арт Еквилибриум, Дона Илијеска, Партизанска штампа, Матеј Богдановски, Пркос / Уна Николовска, Симеон Анѓелкоски, Shock Troopers
Наташа Гелева, Gosi Etc, Корн, Данче Ефтимова, Тома Димовски, Матријаршија, Longest night, Кула, Искра и Архангела.

Дизајнот на плакатот е на Илина Ѓорѓиевска.

Во продолжение, потсетуваме како беше на претходниот „ФИЈУК“ во Скопје:

[Видео + фото] „ФИЈУК саем“ дава свеж пристап кон независното издаваштво, уметноста и колекционерството