Никола Додов, волонтер во Црвен Крст: Расте бројот на млади што даруваат крв

Никола Додов, волонтер во Црвен Крст: Расте бројот на млади што даруваат крвГолем број крводарителски акции, многу волонтери и силна желба да се помогне е мотото кое ги движи младите волонтери на Црвениот Крст. Никола Додов неколку години е дел од организацијата, задолжен за делот со крводарителските акции. За Радио МОФ одговара, кој може да дарува крв, какви се последиците и кои се предностите.

Според вашите искуства, дали младите во Македонија се заинтересирани за даруваат крв во крводарителски акции?

Младите во Македонија од година во година се повеќе и повеќе се приклучуваат на крводарителските акции. Посебно голем акцент младите даваат на традиционалните крводарителски акции во организација на Црвениот крст на град Скопје како што се акциите со Тоше фан форумот, 26 јули, 13 ноември и многу други важни датиуми.

Од која возраст е дозволено да се дарува крв и кој може, а кој не смее да дарува?

Во Република Македонија секој здрав човек на возраст од 18 до 65 години може да дарува крв. Луѓето што имаат висок притисок или висок или низок хемоглобин, луѓето со шеќер во крвта, со хируршки зафати и со тетоважи и пирсинг направени помалку од   месеци, овие лица не смеат да даруваат крв. Како што споменав погоре секој млад и здрав маж и жена над 18 години можат да даруваат крв.

Какви бенефиции имаат младите ако даруваат крв?

Додека бев средношколец моја најголема мотивација беа двата слободни дена што следуваа после дарувањето. Но не се само слободните денови предностите во дарувањето на крв, бенефиции во здраството, после секое десетто дарување на крв следуваат бесплатни стоматолошки зафати, некој хируршки зафати и други здравствени услуги.

Дали дарувањето крв може да има некакви последици , се случиле некогаш компликации при дарувањето крв?

Во новото време и напредокот на медицината се избегнати сите последици што может на некој начин да настанат при дарувањето на крв, поради та што за секој крводарител се користи стерилна опаковка за крводарување, по земањето на крв таа крв оди на испитувања во Институтот за трансфузиона медицина, па се употребува на тој што му е потребна и по употребата на крвта празната кесичка се уништува .

Има ли доволно волонтери во Црвениот крст за организација на вакви акции?

Црвениот крст на град Скопје секогаш е отворен за нови крводарителски акции и самите волонтери на Црвениот крст се обучени да бидат дел од организацијата на една крводарителска акција. Ова е потребно за таа акција да биде организирана на високо ниво и секој млад или постар крводарител да се чувствуваат добро на самата крводарителска акција.

Кога е следната крводарителна акција?

Следната поголема крводарителска акција е во соработка со Тоше фан форумот на денот на неговиот роденден, на  25 јануари. Ги покануваме сите крводарители кои имаат желба да даруваат да ни се придружат во акцијата.

Даница Караташова