„Никогаш Засекогаш“ е инсталација во простор и ликовен перформанс на уметниците Скот и Лиан од Ванкувер, Канада, кои месецов творат во хостелот „ИКАР хат“ во Охрид како дел од програмата за ликовни резиденции Ресартис.
Инсталацијата е изработена од природни материјали и отпад најден на брегот на Охридското езеро. Таа ќе може да се види од утре со почеток во 10 часот.
Со овој проект, авторите се надеваат дека гледачот ќе го разгледа своето локално влијание врз Охридското Езеро, но и промените што треба да ги направи насекаде за да ги заштити глобалните екосистеми.