Ник Кејв и „Бед сидс“ најавија нов албум

Ник Кејв и „Бед сидс“ го најавија „Skeleton Key“, нивниот прв албум по „Push the Sky Away“, издаден во 2013 година. Оттогаш, Кејв ја објави песната „Give Us a Kiss“, од филмот „20 000 денови на Земјата“, и ја напиша книгата „The Sick Bag Song“.

Новиот албум треба да биде готов на 9 септември, заедно со филмот „One More Time With Feeling“ на режисерот Ендрју Доминик, кој ќе се прикажува во кината претходната вечер.

Работата за албумот започна кон крајот на 2014 година во студиото „Ретрит“, со дополнителни сесии во француското студио „Ла фрет“, во 2015 година.

Според официјалното соопштението, во филмот се искористени снимки од подготовките на новиот албум, направени од Доминик, во придружба на повремена нарација на Кејв. Филмот ќе биде во црно-бело и во боја, со 3Д и 2Д. Резултатот, како што велат, е остро, кревко и сурово, но искрено сведоштво на уметник кој се обидува да го пронајде својот пат низ мракот.