Вработените во образовниот сектор се уште ги немаат земено јулските плати укажа Независниот синдикат за образование и наука на денешната прес-конференција
Како што изјави претседателот на Синдикатот, Томислав Гиевски, иако е 18 август, вработените сѐ уште немаат земено плата, а во Законот за работен однос јасно стои дека крајниот рок за исплаќање на плата е најдоцна до петнаесетти во месецот.
„За жал законската регулатива не е доследно испочитувана во образованието“, додаде Гиевски кој посочи дека ниту во понеделник, на 20 август, не се знае дали наставниците и професорите ќе земат плата.
Синдикатот побара од Министерството за образование и наука и општините да не ги деградираат работниците во образованието и навреме да ја исплаќа, како што посочија, потпросечната плата која ја земаат.